Обично ние гледаме на светоста како на нешто недостижно за нас, бидејќи знаеме дека многу грешиме. Постојат ли помеѓу вас такви кои никогаш не се вознемируваат, не се прејадуваат, не се обесхрабруваат, кои немаат страст кон парите, кои не допуштаат во своето срце нечисти и блудни мисли, и кои ја избегнуваат суетата и гордоста. Повеќето луѓе мислат дека, ако се гладни и обесхрабрени нема да преживеат. Бог сите ги повикува да бидат свети: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет“ (3. Мој. 11, 44). Освен тоа, ние сме дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а ако сме нејзини членови, тогаш значи дека сме повикани да бидеме свети. Животот на човекот кој не се стреми кон светост, – е противприроден. Во древноста оние, кои ги изгубиле најдобрите човечки квалитети, ги нарекувале изроди.
Што значи да се биде свет? Тоа значи секогаш да постапуваш според правдата и вистината, да не се служиш со лукавство, да не негуваш во своето срце себичност, туку да негуваш вистинска и несебична љубов кон Бога и ближниот.
Да се биде свет во светот, кој лежи во зло, отсекогаш било тешко. Околината и луѓето кои не опкружуваат, постојано не притискаат да се однесуваме нечесно и да му служиме на лукавиот. Откажувањето од светоста започнува уште од детската училишна возраст, кога ги мамиме родителите и наставниците со препишување на домашните и контролните задачи. Подоцна во друштвото употребуваме алкохолни пијалаци и започнуваме да пушиме. Блажен Августин во својата книга „Исповеди“ признава, дека за да им угоди на своите пријатели, тој уште во детството учествувал во кражби, а во малдоста ја изгубил невиноста.
Првата Недела по Педесетница, Црквата ја посветува на Сите Свети. Светите луѓе во Црквата биле исти луѓе како и ние, кои ја зачувале верноста кон Христа, служеле на вистината и правдата и негледајќи на големиот притисок кој доаѓал од силните во светот, станале победници на злото. Меѓу нив има десетици илјади маченици, исповедници и преподобни, а исто така и светители, кои бестрашно го проповедале Словото Божјо и им го покажувале на луѓето патот кон спасението.
Дали тие ги поднесувале искушенијата и потешкотиите со своите сопствени сили? Секако дека не. Не случајно споменот на Сите Свети се празнува веднаш после Светата Педесетница (Духовден), бидејќи благодата на Светиот Дух е таа која ним им помагала во маките и искушенијата. Помеѓу Светите има многумина, кои активно влијаеле во политичките процеси во времето во кое живееле. Како пример ќе ги земеме Светиот рамноапостолен кнез Владимит и кнегиња Олга, благоверниот кнез Александар Невски, Преподобниот Сергеј Радонежски, Свети Арсениј, Митрополит Московски, Свештеномаченик Владимир, Митрополит Киевски и многу други. Ним напредокот во политиката не им бил цел.
Главната смисла во нивниот живот била стекнувањето на благодатта на Светиот Дух. Благодарејќи на тоа тие постапувале храбро, а нивните зборови имале голема сила и моќ.
Како да ја здобиеме благодатта на Светиот Дух во своето срце? Многумина заради благодатта строго постат, често се исповедаат и причестуваат, а други долго се молат и прават добри дела. Преподобен Евстатиј Печерски, благодарејќи на постот стекнал толку голема Божја благодат, па така кога бил во заробеништво, не се откажал од православната вера, туку храбро го исповедал Спасителот Христос.
Преподобниот Агапит Печерски, преку силата на благодатта Божја, можел да ги исцели дури и оние, од кои другите лекари се одрекувале.
Затоа не треба да мислиме, дека светоста – е нешто недостижно за нас. Стремежот кон неа треба да стане норма на нашиот живот, бидејќи само така ние ќе можеме да му се приближиме на Бога. Имено светоста ни го открива нас вистинскиот, а на измислениот и погрешен смисол на живот овде на земјата, и ни дарува вечен живот во Царството Небесно. Амин!
Aрхимандрит Маркел (Павука)
Извор: http://pravlife.org