Говориш: «Не сакам да ги слушам свештениците». Послушај го Христа!
Во овој благодатен пост, сакам нешто да те замолам. Незнам дали постапуваш така или не. Ако постапуваш, тогаш продолжи. Сега се обраќам кон оние, кои само теоретски се запознаени со црковниот живот. Сакам да ви напоменам за она, за кое се говори во псалмите: „Вкусете и видете, колку е благ Господ“. Сакам, ти во овoј пост да го примиш во себе Самиот Господ, бидејќи Причестувањето со Телото и Крвта те соединува тебе со Христос. Не е доволно само да ги слушнеш моите зборови, туку исполни ги!
Живееш лошо, оптоварен со разни проблеми? Сакаш да живееш добро, да ја разбереш својата грешка, да се смириш, да паднеш на колена со наведната глава, и да речеш: „Господи, каде си? Дали постоиш? Можеби заради отсуството на живата врска со Тебе, мојот живот е лош?“
Секако, во животот ни се случуваат многу незгоди, бидејќи не сме во заедница со Изворот на животот. Христос – не е теорија и учење, Он е жива Личност, која е со нас невидливо. Но Телото и Крвта не се насекаде, туку само во Црквата. Таа нас не повикува да се соединиме со овој голем дар. Со страв Божји, вера и љубов, пристапете кон Него. Пристапете кон Светата Чаша, отворете ја вашата уста, и примете го сега Оној, Кому долго се молите.
Ако го љубиш Христа, направи го тоа, што Он ти го заповеда. Ти говориш: „Не сакам да ги слушам свештениците“. Но послушај го Христа, Него должни сме да го слушаме, и ти, и јас, и сите ние. „Примете, јадете: ова е Моето Тело… Пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот Завет“; „Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него“; „Кој јаде од Моето Тело и пие од Мојата Крв, ќе има живот вечен“ – еве што говори Самиот Христос. Ако се соединуваш со Христа и со своите браќа, тогаш сите се исполнети со Телото и Крвта Христови… Неговата Крв, сите нас не соединува. Неверојатен дар, кој ние не можеме доволно да го разбереме. Самите Ангели се изненадени и восхитени, од ова прекрасно чудо во светот.
Една жена која лично ја познавам, боледува од рак. Ми раскажува: „Оче, лекарите веќе десет години, ми говорат, дека умирам“. Само едно нешто го одржува во живот моето битие, а тоа е Причесната. Постојано се причестувам и постојано се молам. Го примам во себеси Оној, Кому постојано се молам.
Понекогаш се случува да слушнам: „Се причести, тој и тој човек, и умре“. Да и тоа се случува. Сите ние ќе умреме. И тие, кои се причестуваат, исто така ќе умрат. Но ти доколку во себе си го примил Христа, Кој ја победи смртта, ти ќе имаш залог за идното воскресение. Во моментот, кога ќе посака Господ, ќе воскреснам и јас, имајќи ја во себе Светата Причест. Ти не ни претставуваш, од што се лишуваш, ако не се причестуваш!
Еднаш кај старец Пајсиј, дошол некој човек, кој го молел старецот за помош и совет, за да си ги реши своите проблеми. Старецот внимателно и трпеливо го ислушал и му рекол: „Појди во Црква, исповедај се и причести се“. „Дајте ми некој совет?“ – еднозначно го молел посетителот. Старецот одговорил: „Јас веќе сè ти кажав, појди во Црква, исповедај се и причести се“. „Јас Вам многу работи ви раскажав за своето семејство, за жената, децата, работата и.т.н. Ве молам помогнете ми!“ – „Постапи како што ти реков, и ќе видиш“. Човекот си заминал од Света Гора, целосно разочаран, бидејќи сакал да слушне нешто восхитувачко. „Само трошок. Така и си мислев“, – говорел за себеси. Но сепак постапил според советите на старецот. За брзо време повторно се вратил на Света Гора и го сретнал старец Пајсиј, кој го запрашал: „Како сега живееш? Се е добро?“ – „Не можам да разберам, како сè се среди. Многумина прашував како да постапувам, но ништо не се случуваше. Направив така како што вие ми рековте и сите проблеми се решија!“ – „Сè е многу просто. Ако човек го бара Христа, Тој нему му ги дава сите добра Аврамови, бидејќи Он управува со овој свет. Кога го бараш Него, ти се соединуваш со Него и Он сè ќе ти даде“.
Архимандрит Андреј (Конанос)
Извор: http://pravlife.org