На 24.05.2018 г., кога го празнуваме споменот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Светата Литургија, верниците се поклонија пред честица од Светите мошти на Светиот Великомаченик Пантелејмон и пред честица од одеждите на Свети Јован Кронштадски.
Дојдете празникољупци, со пофални песни да ги воспееме еднаквите по нарав на Апостолите, украсот на јерарсите, просветителите на словенскиот род и негови топли застапници, говорејќи: Радувај се, Кириле, од злато искована трубо на богословието, кој тајната на Света Троица ја појасни споредувајќи ја со сонцето, и со тоа им ја затвори устата на Агарените. Радувај се со него и ти, Методие, кој едномудрено се подвизуваш, и со молитви и чуда му помагаше. И сега, себлажени отци, не престанувајте да се молите на Христа Бога за нас, кои вас, со вера и љубов, ве величаме.