Свети Димитриј Мироточив – Патрон празник на Преспанско-Пелагониската Епархија

На 08.11.2014 г, Преспанско-Пелагониската епархија го прослави споменот на својот патрон празник – светиот великомаченик Димитриј. На Литургијата чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар,во сослужение на голем број свештенослужители.

На литургијата, владиката го ракоположи ипоѓаконот Јове Тренчевски во ѓаконски чин.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат; ако моите зборови ги запазеа и вашите ќе ги запазат“. (Јн. 15, 20)
„… ќе настапи и време, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба“ (Јн. 16, 2).
Браќа и сестри, денес го прославуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски мироточив, светител од нашиот род, маченик за верата наша света, православна. Воспитан од благочестиви родители, по смртта на неговиот татко, кој бил градоначалник на солун, Максимијан царот го поставил него за градоначалник со задача да ги гони и убива христијаните. Но, наместо тоа, тој ги помагал христијаните, го поддржувал и ги поучувал во нивната вера и исповедањето на истата. Кога слушнал за тоа царот, враќајќи се од една војна, дошол лично да се увери дали е тоа вистина, и го прашал светиот великомаченик Димитриј дали е точно тоа дека тој не ги гони христијаните, туку ги помага и спасува. Тогаш, св. Димитриј го погледнал царот со голема смелост, и му рекол: „Царе, ти зар не се срамиш, со твоите луѓе да се поклонуваш на измислени и од луѓе составени кипови, наместо да се поклониш на единствениот вистински Бог и Господ, Исус Христос“. После тоа, царот наредил веднаш да се фрли во затвор.
Браќа и сестри, времето кога св. великомаченик Димитриј живеел е втората половина на 3 век. Во тоа време, во Римското Царство главната религија била многубожечка, луѓето правеле идоли на кои се клањале, и им служеле. Тоа била културата на Римјаните, против која се кренал св. великомаченик Димитриј. Во тоа време, Римјаните организирале забави, во кои христијаните биле изведувани во арени, мачени, фрлани на ѕверови, но исто така, биле изведувани пред гладијатори, џинови, каков што бил и Лиј, кои ги предизвикувале и убивале христијаните. Така и тогаш, царот наредил да се организира таква забава, во која што Лиј ги предизвикувал христијаните, заканувајќи се дека ќе убива се додека не се најде некој да го победи. Тогаш, едно младо момче, по име Нестор се пријавило да се бори со Лиј кој бил горостас, и веднаш заминало во затворот кај св. Димитриј да побара совет и благослов за да се бори со него. Св. Димитриј му кажал на момчето дека ќе победи, но и дека потоа и тој маченички ќе загине за верата, што и се случило. Младиoт Нeстoр излeгoл на бoрба сo Лиј. Бил присутeн и царoт сo мнoштвo нарoд; ситe гo жалeлe младиoт Нeстoр и гo oдвраќалe oд бoрбата сo Лиј. Нo Нeстoр сe прeкрстил и рeкoл: “Бoжe на св. Димитриј, пoмoгни ми!” И сo Бoжја пoмoш Нeстoр гo сoвладал Лиј, гo прeвртeл и гo турнал на oстритe кoпја кадe штo тeшкиoт џин брзo ја нашoл смртта. Тoгаш цeлиoт нарoд викал: “Гoлeм e Бoгoт на Димитриј!” Царoт сe засрамил прeд нарoдoт, сe растажил пo свoјoт милeник Лиј и мнoгу им сe налутил на Нeстoр и на Димитриј. Злoбниoт цар нарeдил и Нeстoр бил веднаш убиен со меч, а Димитриј наредил со копје да се прободе, исто како и неговиот миленик. Кога дошле војниците кај св. Димитриј очекувале дека ќе биде во паника и страв, но го нашле како смирено се моли на Бога, и така, после долгите измачувања, достојно Му ја предал душата на Бога. Благочестивите христијани го погребале неговото тело, кое останало нераспадливо, и пред кое што илјадници христијани се поклонуваат и денеска и се исцелуваат преку неговите молитви.
Браќа и сестри, денеска кога Светата Црква си спомнува за светите маченици, великомаченици, си спомнува за за оние кои оставиле сè што е земно, ги презреле светските наслади, ги напуштиле своите домови, татковини, зе Небесната татковина, Царството Небесно. Но, кога си спомнуваме за нивното противење да принесат жртва на идолите, ако се запрашаме дали и во денешно време постои тоа идолопоклонство, можеме слободно да речеме дека е исто. Многу современи христијани, па и од оние кои доаѓаат во храмовите имаат свои идоли на кои им служат. А тие идоли се гордоста, суетата, злобата, блудот, прељубата, среброљубието, чревоугодието, безмерната тага и очајанието, кое што води до најстрашниот грев – самоубиството. Првите христијани ги презреле овие работи, затоа во нив се јавиле плодовите и даровите на Светиот Дух. Тие живееле единодушно, ништо не сметале за свое. Имотот свој го носеле пред нозете на апостолите, и го раздавале секому според потребите. Љубовта и милосрдието што ги имале првите христијани, мачениците, биле плодови на нивните очистени срца. Апостол Павле посебно ги пофалува Македонците, кои брзо ја собрале и испратиле помошта за Ерусалим, за разлика од Коринтјаните (Грците): „да не дознаат дека сеуште не сте ја испратиле помошта, па да биде за ваш срам“. Солунјаните од секогаш биле познати по нивното гостопримство, милосрдие и љубов. Затоа Господ и ги благословил со такви столбови на Црквата како св. великомаченик Димитриј, св. Григориј Палама, св. Давид Солунски… Да се угледаме и ние браќа и сестри на нашите претци кои го продолжиле преданието на првите македонски христијани, да се угледаме на светиот великомаченик Димитриј, на кого е посветен соборниот храм на нашиот град и на нашата митрополија, и да ги урнеме идолите кои никнуваат во нашите срца. Да ги направиме нашите срца садови на Светиот Дух, Кој ќе ги исполни со љубов, та и ние да можеме да ги повториме зборовите на апостолот:
„Кој ќе нè одвои од љубовта Божја; тага ли, невола ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч? Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање”. Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нè возљуби. Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашнината, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нè оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Рим. 8, 35-39).
За многу години!
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=BI_uMHMN6a8[/youtube]

mitrovden1

20141108102004

Screenshot_16

Screenshot_17

Screenshot_20

Screenshot_25

20141108102100

20141108101955

20141108102136

20141108102118

20141108102200

20141108102227

20141108102232

Screenshot_24

20141108102150

20141108102255

20141108102311

20141108102346

20141108102408

20141108_105519

20141108_105652

20141108_105711

20141108_105838

20141108_105959

20141108_110107

20141108111847

20141108_110723