Осамна и ова време
Можеби утро непредвидено,
Сè си има свое бреме
Многу од тоа веќе видено.
Закажана беше утрово
Средба долгоочекувана,
Со Тебе да биде исполнета
Со Трпеза приготвена.
Луна ли ме измами
Не би рекол злокобна месечина,
Од денот ли се уплашив
Како живот да ми е наемнина.
Состанок,
Да, се сетив – состанок,
Ха, лукаво или мудро приметив
Како понуда пропуштив.
Состанок со Мирот пропуштив
Е можеби не бев доволно приемчив,
Поминаа жетварите
Остана по нив само плевата,
И сега амбарите
Не си ја знаат намената.
Да се будам сам не можам
Во униние и страв пребивам,
Но уште еднаш Те молам
Сон да ми одземеш, од јаве да не се будам.
Состаноци да се умножуваат
Души со Творец поблиски да бидат,
Заедно да делуваат
Лекарства да применуваат.
Па како што е редно
Двајца да бидат едно,
После повеќе дружење
Очи духовни си чистиме.
Трпези побогати нѝ се принесуваат,
Хорови Ангели ги следат
Пријатели заедно седат
Светители, Маченици, Преподобни…
И неброено мноштво Христијани.
Возглавени од Главата на сите
Над времето, над дните,
Магла од љубов ги опфатила
Лик детски во ореол претворила.
Состанок, состанок ….