На 05.05.2018 г., во предвечерието на Петтата седмица по Пасха, и на празникот Свети великомаченик Георгиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Воскресна Вечерна богослужба во манастирскиот храмот Свети Георгиј, во село Велушина.
После вечерната богослужба, во храмот со мал Духовен Концерт настапи хорот „Стив Нумов“ од Битола, под диригентство на диригентот Љубо Трифуновски.