Човек кој умрел на 70 години, го проживеал својот живот на следниов начин: 15 години работел, 20 години спиел, 2 години јадел, 1 година се облекувал, 9 месеци се бањал, 7 месеци се бричел, 2 месеци ги миел своите заби и.т.н. Ти ништо не забележа? Сè што погоре набројавме се однесува на надворешната активност, – на грижата и негата на телото…
Одеднаш запрашав еден младич кој имаше околу шеснаесет години:
Чедо мое, го љубиш ли Бога?
Со сето срце, оче, – одговори младичот.
Дали често му се молиш Нему?
А младичот чесно одговори:
Не!..
Младичот не можеше да разбере, колку неговите одговори противречат еден на друг. Невозможно е вистински да го љубиме Бога, а да не му се молиме. Кога ние имаме некој близок, кој премногу го сакаме, тогаш ние на секој начин се обидуваме да бидеме поблизу до него и да се дружиме? Зарем не е така?
Послушај ги, чедо мое, цифрите, кои сега ќе ти ги приведам. Тоа се точни податоци. Човек кој умрел на 70 години, го проживеал својот живот на следниов начин: 15 години работел, 20 години спиел, 2 години јадел, 1 година се облекувал, 9 месеци се бањал, 7 месеци се бричел, 2 месеци ги миел своите заби и.т.н. Ти ништо не забележа? Сè што погоре набројавме се однесува на надворешната активност, – на грижата и негата на телото. Но кога ти ќе застанеш пред Бога, бројката на тоа што ти си бил должен да го направиш во животот ќе биде значително различна. Тогаш ќе те запраша Праведниот Судија:
„Колку си направил добро, а колку лошо?“
„Колку си ги исполни своите обврски, а колку не?“
„Колку време си и посветил на молитвата кон Бога?“
За една година срцето прави 36792000 удари. Од толку многу удари, колку удари тоа направило за Бога?
Колку време треба да и посветам на молитвата?
Треба да знаеш, чедо мое, дека Бог гледа не на потрошеното време, кое ти си го поминал во молитва, туку на твојата ревност, и на твоето срце. Кратката, жива и искрена молитва, е многу поголема од безживотната, сува и долга молитва.
Главна е ревноста и топлото расположение. Стреми се да се молиш наутро и навечер, и не заборавај во текот на денот, почесто да ги насочуваш своите мисли кон Бога. Само во тој случај твојот ден ќе биде благословен, ако своите први мисли му ги посветиш Нему. Исто така, и твојот сон ќе биде мирен и спокоен, ако пред легнување во својата постела, со молитва се обратиш кон Бога.
Јас не те советувам да се молиш лежејќи во постела. Но ако ти сосема не си во можност да се молиш, тогаш во тој случај, моли се и на таков начин. Јас се надевам, дека и самиот ќе разбереш, дека разговорот со Бога преку молитвата, лежејќи во кревет – не е добар… Еве што ќе те посоветувам: не брзај да ја завршиш молитвата и… да се предадеш на сонот! Биди благоразумен! Читај го своето утрено правило, кога си веќе облечен, а вечерното, додека не си се соблекол, – и ќе спиеш спокојно!
Една мудра поговорка вели: „Секое ваше дело е суетно, ако е направено без Божји благослов“. Тогаш како можеш да очекуваш радост, ако секој твој ден го започнуваш без молитва кон Бога?
Погледни околу себе, дете мое: секое создание на свој начин се моли и го прославува премудриот Создател. Растенијата цветаат и го испуштаат својот прекрасен мирис кон Престолот на Творецот. Кого птиците со својот милозвучен глас го воспеваат, ако не Сесилниот Бог.
За Него брмчи пчелата и се весели пеперутката. Него со својот блесок го слават молњите. Него го слави громот со својата застрашувачка величина. Да! Сета природа му се моли Нему. А ти, чедо мое, како разумен човек со слободна волја, не го правиш тоа, кое сета природа непринудно го прави.
Најпрекрасното нешто, кое може да биде во светот – е човекот, кој се моли. Ова кажување е веродостојно. Човекот кој се моли, живее во друг свет. Тој дише со Божјата благодат и се исполнува со нектарот од божественото присуство.
Јас веќе ти говорев, чедо мое, дека сета природа се моли. Секако, тоа е симболизам.
Вистинската молитва е својствена само за човекот. Само човекот може сознателно да ја вознесува својата душа кон Бога, и да разговара со Него. Всушност, молитвата – е достоинство за човекот. Молитвата е тој критериум, со кој човекот се разликува од останатите созданија.
Кога се молам, мојата душа се вознесува кон Бога! Тогаш се исполнувам со небесна радост, благодарност и љубов. Сето тоа го чувствувам на посебен начин. Како е можно да не му благодарам на Бога за тој дар? На крилјата од молитвата ние можеме брзо да полетаме кон Божјиот престол и да бидеме подалеку од суетниот свет. Ние можеме да отидеме таму, каде што со нетрпение ќе дишеме од животворниот воздух на божественото присуство. Молитвата – е извор на сила во тешката борба, која ја имаме ние секој ден. Кога ти леташ на крилјата од молитвата, тогаш ти се изменуваш.
Послушај, чедо мое! Кога ќе те нападнат различни несреќи, како бура, падни на колена и отвори го своето срце кон својот Отец! Кога ќе се помолиш, ќе видиш, колку си се изменил. Тогаш небото ќе се расчисти и ќе дојде мирот.
Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог. И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: како што ќе те окружува Неговата вистина. Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне. Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат; само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците. Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште; зло нема да Ти се случи, и невојла нема да Ти се приближи до телото Твое; затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои. Ќе Те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата Своја; на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе убиваш. „Бидејќи се надеваше на Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое. Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам, ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.”
Овие зборови се напишани од големиот Псалмопевец, и тие ја наполнуваат твојата душа со утеха, и им помагаат на оние кои сакаат да одат по патот на животот право и чесно.
И ти, чедо мое, си еден од нив, и затоа имаш голема надеж во Божјата благодат. Единствениот пат, кој ќе ти донесе победа – е молитвата.
Чедо! не ја лишувај својата душа од живоносното дишење, туку моли се со ревност, и Бог ќе те овенча со нераспадливиот венец на славата.
Архимандрит Андреј (Конанос)
Извор: http://pravoslavie.ru