Секој има некоја своја трка. Натпреварувањето е особина на многумина. Многумина, заради претицување погазиле разни кодекси. Или заборавиле на другиот. Сите трчаат маратони. Брзаат. Се туркаат. Но се гледаат само себеси како победници на крајот. Христијанскиот императив ја превртува логиката. Не победува оној кој прв стигнал до целта.
Не. Туку оној кој се откажал од својата трка и се свртил кон оној кој губи. Кој паднал. Се откажува од својата победа, за да победи заедно со другиот. Или уште повеќе, ако има таква љубов, да го турне другиот пред себеси. Така, последниот станува прв, без воопшто да мисли на своето првенство.
Солидарност често пружува оној кој стои во истиот дефект, отколку оној кому ништо не му недостасува. Но сепак, има и такви луѓе, кои кога ќе им пружиш рака да ги подигнеш, нерадо ја земаат, го свртуваат погледот или главата, да не некој ги види дека им е потребна помош, зашто се премногу горди некој да ги препознае или види по тоа. А не гледаат самите, дека само оној кој стоел во истиот проблем – најдобро ги разбира и познава. Поради што и му дава рака кога му е најтешко, и повторно, не затоа што го гледа во некаков недостаток, туку затоа што подрага му е човечноста која и него и другиот ги прави, бидејќи човечноста само во љубовта се познава….
Автор: Никола Џоловиќ