На 10.04.2018 г., на Третиот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот Св. Георгиј, во Ресен.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Пријдете да пиеме нов пијалок, кој не е направен од карпата со чудо, Туку е Христос – Изворот на негнилежност, кој од гробот потече, во Кого се утврдуваме.
Христос Воскресна од мртвите.
Сега се исполни сѐ со светлина, небото и земјата и адот; секоја твар нака го празнува Воскресението Христово, зашто во Него се утврдува.
Христос Воскресна од мртвите.
Вчера се погребав со Тебе, Христе, денес воскреснувам со Тебе, вчера се распнував со Тебе, денес Самиот Ти прослави ме со Тебе во Царството Твое.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Денес се враќам во нераспадлив живот, со добрината на Оној што се роди од тебе, Пречиста, и сите краишта на земјата ги огреа со светлина.
И сега и сегогаш и во вечни векови. Амин!
Откако го виде Бога, Кого што по тело си Го родила, како што е претскажано, Пречиста, ликувај и Него како Бог величај Го.