„Јадеш невкусно и се насладуваш со Христос“ – Старец Пајсиј Светогорец.  

 

Себељубие – тоа е желба да јадеме и да се одмораме повеќе од потребното. На телото треба да му го даваме само она што му е неопходно. Едно нешто е страста, а друго е потребата. Едно – е да се насладуваме заради телото, а друго е заради потребата од неопходното. Да речеме дека пред мене стојат две јадења, и во нив има подеднакво витамини, но едното е повкусно од другото. Ако ние го избереме повкусното јадење, тогаш тоа е самољубие. Но ако ние предпочитаме повкусна храна, за да предизвикаме апетит, бидејќи поради болест страдаме од недостаток на апетит, тогаш тоа ќе ни биде за расудување.

Телото, тоа е „лош митар“, како што говори ава Макариј, и нему му е потребно секогаш повеќе, во зависност од тоа, кон што организмот привикнал. Ако на човек желудникот му е помал, тогаш нему ќе му биде полесно да пости, а ако не, тогаш тој станува роб на својот желудник, бидејќи треба желудникот со нешто да го наполни. Да земеме на пример подебел човек: во неговиот желудник се наоѓа цел склад, тој пола теле треба да изеде, за да се најаде, а потоа да испие и две кофи вода.

Порано луѓето физички биле многу посилни, но исто така, и повеќе се труделе. Старец Хаџи-Георгиј на своите монаси секој ден им давал по малку мед и ореви. А тие сите биле млади, по петнаесет години, во период на активен раст, а исто така биле и духовно зрели. Денес луѓето ја следат световната логика: „Децата не треба да постат, за да не се разболат, тие сè треба да имаат во изобилство, и многу да не се оптоваруваат со тешки работи“. Кутрите, така и живеат, нудејќи им цело време котлети, од кои тие немаат никаква полза.

Кога човек се радува, што не јади заради љубовта Христова, тогаш тој вистински се храни. Ако тој заради љубовта Христова претпочита невкусно, наместо вкусно, тогаш преку невкусното се насладува со Христос.

Извор: http://pravlife.org