Оние кои сакаат да живеат побожно, не треба да очекуваат ништо освен насилство, злоба и прогонство, бидејќи е речено: „беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе се олади“ (Мат. 24, 12).
Свети Тихон Задонски
***
Кога те вознемируваат, никогаш не прашувај – зошто. Во Светото Писмо тоа никаде не го пишува. Таму, напротив е речено: „ако некој те удри по десниот образ, заврти го и другиот“ (Мат. 5. 39). – Всушност, да се удри некого по десниот образ е неудобно, и затоа ова место е неопходно да го разбереме на следниов начин: ако некој те клевети, или навредува – тоа означува удирање по десниот образ. Не роптај, туку поднеси го тој удар трпеливо, завртувајќи го левиот образ, односно, спомни си за своите направени дела. Но ако, можеби навистина си невин, тогаш сигурно претходно многу си згрешил, и така ќе се убедиш дека си достоен за казна.
Преподобен Амвросиј Оптински
***
Христос ни заповеда не само со смиреност и благонаклонетост да ги поднесуваме навредите, туку и со мудрост да одиме понатаму: да бидеме подготвени да трпиме повеќе, отколку што сака непријателот, и со силата на трпението да ја победиме неговата дрска смелост, за да се восхити на твојата необична кротост, и да си замини.
Свети Јован Златоуст
***
Кога трпиме било што од лошите луѓе, тогаш, да го имаме пред очи Нашиот Началник и Завршител на вераата, и да си замислиме дека… трпиме за добродетелта, и за Него. Ако почнеме да размислуваме за тоа, тогаш сè ќе биде лесно и подносливо. Всушност, ако секој започне да се фали со тоа, дека страда за своите возљубени, тогаш дали ќе чувствува било каква тага, ако за било што пострада за Христа?
Свети Јован Златоуст
***
Клеветите се или вистински, или лажни. Ако ние вистински сме виновни, за нешто за што не клеветат, праведно е достоинствено да го прифатиме, и тогаш е неопходно да се поправиме, за клеветата да стане лажна. Лажната клевета е клевета со која не обвинуваат, за нешто за кое не сме виновни, и таа клевета потребно е да ја трпиме со радост, и да си даваме утеха со надеж на вечната Божја милост. Може да се случи да не сме виновни за тоа за кое не клеветат, но да бидеме виновни за нешто друго, и затоа треба да трпиме.
Свети Тихон Задонски
***
Ве наклеветиле… иако сте невини? Треба благодушно да трпите. И тоа ќе ви биде како епитимија, за тоа, за кое самите себе се чувствуваме виновни. Затоа клеветата за нас – е милост Божја. Потребно е со сите сили да се помириме со оние кои не клеветат, колку и да е тоа тешко.
Свети Теофан Затворник
***
Ако си подложен на клевети, и после тоа се докаже чистотата на твојата совест, немој да се гордееш, туку со смирение служи му на Господа, кои те избави од човечките клевети.
Преподобен Ефрем Сирин
***
Според мерката, како ти се молиш за оние кои те клеветат, така Бог ќе им ја открие на соблазнетите вистината за тебе.
Преподобен Максим Исповедник
***
Некој човек те навредил? Дали поради тоа ти ќе почнеш да ропташ кон Бога? Непомирувањето со оној кој те навредил – не значи осветување кон него, туку обеспокојување и навреда на Бога, Кој ни заповеда помирување.
Преподобен Ефрем Сирин
***
Ве замолувам, колку е можно повеќе, трпете ги со молчание сите навреди, скривајќи ги во своето срце, за да го види Господ вашето смирение и да ве заштити со Своите милости. И да се наоѓате во најсложната ситуација, никому не се жалете за вашата мака, но за се благодарете на Господа, и Сесилниот Господ ќе ве изненади со Својата милост.
Старец Георгиј Затворник
***
Ве навредуваат? Го навредуваат и Бога. Ве укоруваат? Го укоруваат и Бога. Плукаат на вас? Тоа го трпел и нашиот Господ. Во тоа Он има многу заедничко со нас, а со нив – не. Он никогаш не навредувал, не мразел, не осудувал. Затоа, ние (навредените) имаме многу заедничко со Него, а вие (кои не навредувате) не. Да поднесува навреди е својствено на Бога, а да навредува, е својство на – ѓаволот. Еве две спротивни страни.
Свети Јован Златоуст
***
Мудриот и кроткиот, кои поднесувата навреди и укори од непријателите, кога ги навредуваат, не се – навредуваат, и не се лутат. Оној кој е највеќе навреден, тој и тука ќе биде овенчан од сите со пофалби, како победник на непријателот, и од Бога ќе добие големи награди. Ако кажеш, дека се потребни многу труд и пот, за сè да се истрпи, не го одрекувам тоа, не ќе речам, дека за големите напори ние добиваме венци.
Преподобен Исидор Пелусиот
***
Ако тебе те навреди пријателот или те огорчи некој од ближните – помисли на своите согрешенија против Бога, и за тоа, дека со својата кротост во однос кон нив, ти ќе го смилостивиш идниот Суд
Свети Јован Златоуст
***
Навистина голема награда ветил Господ за поднесувањето не само на прогоните, раните, убиствата и смртта, туку и за една навреда, и за еден срамен збор (Лука 6, 22).
Преподобен Ефрем Сирин
***
Кога ќе претрпиш било каков срам од луѓето, знај дека тоа ти е испратено од Бога за слава; кога Он ќе дојде, ти ќе се покажеш верен и ќе избегнеш осудување.
Преподобен Марко Подвижник
Извор: http://vsemolitva.ru