Дали болестите ги создал Бог?
Веднаш ќе кажеме, дека Бог не треба да го сметаме за извор на болестите, страдањата и смртта. Сведоштво за тоа наоѓаме во Светото Писмо: Бог не ја соѕдал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите; Он созал сè за да живее и сè што е во светот е спасоносно (Прем. 1, 13-14). Сè што создал Бог, било многу добро (1. Мој.1, 31). Тогаш зошто болестите се сметаат од луѓето како зло и извор на страдања.
Од каде во нашиот живот се појавиле болестите? Дали можеби тие уште од почетокот се дел од природата на човекот? Не! Бог го создал првиот човек, Адама, според Својот образ, и тој образ Божји го содржел во себе својството на бесмртноста, силата и здравјето. Душата и телото на првите луѓе, не биле подложени на болести, страдања и смрт.
На Адама и Ева им била дадена можност да ја зачуваат и усовршуваат својата првобитна бесмртна и нетлена состојба, но само во услови на богоугоден живот, и во заедница со Творецот, како нивни извор. Последното зависело и од нивниот сопствен избор, бидејќи Бог го создал човекот слободен.
Првородниот грев – извор на болестите
Причина за појавата на болестите, страдањата и смртта е првородниот грев на Адама и Ева. Тој се состои во тоа, што тие доброволно отпаднале од Бога, и се определиле за страната на ѓаволот.
Причината за одпаѓањето на Адама и Ева од Творецот е „искривувањето на љубовта“, во нив: љубовта на Ева кон светот, и љубовта на Адама кон Ева, ја надминала нивната љубов кон Бога. Надворешно ова нарушување на нивниот духовен живот, е изразено во фактот, што тие подлегнаа на искушението на змијата, и ја прекршија заповедта на Бога, Кој им заповеда да не јадат од плодовите од дрвото на познавањето на доброто и злото. Современиот богослов, отец Вадим Леонов пишува: „Гревот не е во плодот, скинат од раката на жената, туку во отфрлањето на Бога, кое е изразено со тој чин“.
Сите ние, бидејќи сме потомци на првите луѓе, ги наследуваме последиците од отфрлањето на Бога, вклучувајќи ги и искривената природа и склоноста кон болести.
Зошто гревот ја повлекува со себе и болеста? Или можеби болеста е создадена од Бога како казана, кога и рекол на Ева: Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца; и на Адама: со мака ќе се храниш од неа сè до крајот на својот живот (1, Мој. 3, 16-17). Не, Бог не ги создаде овие несреќи. Он само ги претскажува и опишува нив како природна последица на паѓањето во грев на првите луѓе.
Всушност, здравјето и бесмртноста на човекот се Божји дарови. Отфрлајќи го Бога, Кој е извор на тие дарови, Адам и Ева, кои првично се наоѓаа во природната состојба на својата природа, паднаа во против природна, или неприродна состојба. Тоа се состои во повредувањето на Божјиот образ во човекот, неговата природа, и односот со светот околу него. Како последица на тие повреди, се појавиле духовните и телесните болести, немоќта и смртта. Митрополитот Антониј Сурожски пишува: „Бог е хармонија, Бог е живот, полнота, и доколку ние отпаднеме од Бога, ние го губиме она што не одржува во живот, ја губиме виталноста“. И празнината која ја остава виталноста зад себе, е исполнета со смрт и болести.
Сите ние бидејќи сме потомци на првите луѓе, ги наследуваме последиците од отфрлањето на Бога, вклучувајќи ја и искривената природа, и склоноста кон болести: како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија (Рим. 5, 12).
Христос ја исцелува човечката природа
Адам и Ева, одстапија од Бога, и се подложија на болести. Тие и нивните потомци подпаднаа под ропството на страситите и ѓаволот. За да се исцели човечката природа од последиците на гревот, неопходно било, човекот сам доброволно да се обрати кон Бога, и да излези од под власта на ѓаволот. Но сепак за обичните луѓе тоа било невозможно, поради последиците на првородниот грев: ослабеноста на духовните сили и склоноста да се насладуваме на своите страсти и грешни навики.
Но сепак заради спасение на луѓето, на земјата се воплотува Спасителот наш Господ Исус Христос. Во Евангелието се опишани многубројни чудеса и настани, како Христос простува гревови и лекува болести. Со тоа се посведочува дека гревот и болестите, не се природни појави, втемелени во природата на човекот при создавањето.
Но сепак, иако луѓето биле исцелувани, тие после неколку години умирале. Тогаш зошто ние говориме дека, Христос засекогаш ја исцели природата на сите луѓе. Ајде да разјасниме!
Христос, Бог Словото, ја прима на себе човечката природа. Но како Бог, Он не е подложен на гревот и подвластен на страстите и ѓаволот. Значи. Он е способен да ја исцели човечката природа од болестите и другите последици од гревот.
Освен тоа, Христос и нас не прави учесници во победата над смртта. Он доброволно се принесе Себеси на жртва за сите луѓе, и го разруши ропството на ѓаволот, и преку Себе го соедини човекот со Бога – изворот на животот. Затоа, ако ние преку Светата Тајна Крштение, се соединуваме и преминуваме на страната на Христа, и преку Светата Тајна Причест се причестуваме со Него, тогаш ние стануваме учесници во Неговата победа над смртта, која за нас претставува врата во вечниот живот, каде што нема ни болки, ни страдања.
Алексеј Мигаљников.
Извор: http://sdsmp.ru