Земја

Господар кој ти е

На кого припагаш

Кој се грижи за тебе

На кого плодови даваш ?

Доволно ли е само да живееме на тебе

Да се храниме од тебе

Да газиме по тебе

Од твоите убавини очи телесни да миеме ?

Слушаме – многумина те посакувале

Но се прашуваме – што сакаат од тебе

Внатрешност ли твоја камена

Или кај тебе има се’ намена ?

Тесно ли му е на човека во неговата кожа

Па посакал друга ложа,

Знае ли тој да користи дарови

И како да ги примени.

Разбрав некако кога прираснав –

На земја сме фрлени

Од неа плодови, пилав –

Храна за оние кои се земни.

Време помина Израилот во пустината

Слово Божјо да научи во далечината

Не би ли живеел според правилата

Да не го фати небиднината

Видов – не се вразумуваме

Зборови не разбираме

Земјата не ја користиме

Одблесокот нејзин не го гледаме

О, слепост човечка

О, болна желбо понорна

Повикан беше небото да го освоиш

А ти трчаш – некого да поробиш

Земјата да му ја освоиш –

Ах, во неа само гробови свои ке поставиш !

Нема помека да постане

Од човечка крв и коски небројни,

Плод нема да никне

Од предели преплакани.

Сува стана и неплодна

Род не даваш на бунтовникот

Наместо потсетник на вистина

Лагата е сува гранка на чокотот.

Прости Премудрост,

Прости Вистино,

Моите очи ги стави во немилост

Сега не гледаат виножито,

Мака гледаат човечка

Раце не подигнати кон небото

Се подлабоко во земјата

Се закопува породот.

Но Ти Пресвета

Не можам да не повикам

Душа не дава да не се сетам

Срце не остава да не изгорам

Поитај да избавиш што остана

Уста Твоја да не биде нема

Сожали се на децата

Отвори им ја пролетта.

(Од богољубивата поезија »Манастирски води« на
сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир)