„Лебедот“ – втора книга од едицијата Манастирски Води

Излезе од печат втората книга Манастирски води – Лебедот, сведоштва за духовниот живот преточена во поезија од сестринството на Слепченскиот Претеченски манастир, под псевдоним Кипријан Слепченски. Рецензија за оваа книга напишаа академик Катица Ќулавкова и проф. д-р. Владимир Мартиновски.

20180225_194525[1]

… Не сакам да пишувам
песни тажни,
кои хранат очи влажни
ненамерно ги обликувам.

Немам волја
ни за разделби
испратени до душа моја
за да се повреди.

Но затоа
хартија нека носи
утехи кои даруваат
сила сè да се преброди…

(Извадок од песната „Нема“)

Во прилог го пренесуваме интегралниот текст од рецензиите, а на сестринството им го честитаме успешно реализираниот труд, просејќи ја за нив милоста Божја, која е извор на секоја добрина.

Патешествија на душата – Академик Катица Ќулавкова