На 19.02.2018 г., во Понеделникот од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Големо повечерие со читање на Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот Пресвета Богородица во Битола.
Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам – Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
[2Мојс. 15, 1-2: Тогаш, Мојсеј и синовите Израилеви ја запеаја оваа песна на Господа, ве- лејќи: “Да Го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњите и коњаниците ги фрли в море. Помошник и закрилник ми беше во спасението. Он е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам.“]
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно редење, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите.
Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешно- то безумство натаму ослободи се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му.
(Од Покајниот канон на Свети Андреј Критски)