На 11.02.2018 г., во третата подготвителна недела пред Великиот пост, Неделата на Страшниот Суд, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Недела, во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
(Од синаксарот во Месопусната недела)
Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина.
Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата.
Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот….
Од овој ден, па до празникот Светлото Воскресение Христово, месото се отстранува од трпезата (со што оваа Недела и го добила името Месопусна). Во среда пак и петок, на трпезата на верните се разрешуваат јајчени и млечни продукти.