„Судбината на Валаам е судбина на Русија“, а тоа најдобро се огледува во најновиот документарен филм на Андреј Кондрашов за Валаам, кој во поширокиот православен свет е познат и како Северна Света Гора.
Преку ретки историски кадри, а низ зборовите на Претседателот на Руската Федерација, В. В. Путин, намесникот на Валаамскиот манастир, Епископот Троицкиј Панкратиј, и топлото сведоштво на игумен Методиј (Петров), прикажан е животот на манастирот низ историјата и денес, како и огромните духовни заслуги кои манастирот ги има пред целиот свет.
Наша особена радост е што во филмот имаме можност поблиску да се запознаеме и со отец Методиј, монах од Македонија, кој заедно со Владиката Панкратиј, е еден од возобновувачите на монашкиот живот на Валаам.
Голема благодарност до г-динот Михаил Шишков, прес-секретар на Епископот Панкратиј, кој ни овозможи овој прекрасен филм да биде достапен со превод на македонски јазик.
(преводот можете да го вклучите на CC во долниот десен агол)