Богојавление – Водици

На 19.01.2018 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Господ и Спасителот наш Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј во Битола. 

После Литургијата, отслужувајќи Голем водосвет, Владиката ги благослови водите и луѓето кои го чекаа Чесниот Крст во Битола и во Прилеп.

Во Битола, крстот го фати 15 годишниот Петар Атанасовски, а во Прилеп, Александар Велјаноски.

Бог да ги благослови сите учесници!

Бог се јави! Навистина се јави!

 

Извор: Тера ТВ, prilep.gov.mk