На 09.01.2018 г., третиот ден од Рождеството Христово, кога го празнуваме споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата Св. Кирил и Методиј во Прилеп.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Животот, поминат со беспрекорна совест и смирение, дава мир, спокојство и вистинска среќа. А богатството, честа, славата и високото достоинство често се причина за многу гревови и ненадежна среќа.
Преподобен Макариј Оптински