На 08.01.2018 г., кога го празнуваме Соборот на Пресвета Богродица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во Прилеп.
После Литургијата, одбележувајќи го споменот на Светиот Никодим Прилепски, беше отслужен Акатист пред неговата чесна икона, која неодамна се прослави како мироточива.
По неговите свети молитви, Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј не нас и твојот град!
Тропар, глас 1.
Родениот од Дева, Началникот на Пастирите, го следеше, отче наш Никодиме. Со пост, бдеење и молитви, стана жител на небото, исцелувајќи ги душите на оние што со вера ти пристапуваат. Затоа велиме: Слава Му на Оној што те прослави и сила ти даде; и преку тебе дава исцелувања.
Кондак, глас 8.
Беше на земјата како ангел во тело и како дрво насадено крај вода на воздржанието. Ја изми скверната со потокот од своите солзи и стана божествено престојувалиште и чудотворец. Го изгаси огнениот пламен и тој не те допре. Бог те прослави и од Него како награда го прими небесното царство. Него постојано моли го, да ни дарува простување на гревовите, нам што со љубов го празнуваме твојот свет спомен.