На 07.01.2018 г., кога го празнуваме светлиот празник на Христовото Раѓање, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Василиева Литургија во соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кондак, глас трети
Дева денес Надсуштествениот Го раѓа и земјата Му принесува пештера на Непристапниот,ангелите со пастирите славословуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто, заради нас се роди Младенец, Предвечниот Бог.