на Св. Архангел Михаил
Пријди,
Издвои се од светлината,
Пријди во светот на сенката
Ликот Твој – пријди
Земи,
Ракава придвижи ја,
Земи, стави ја Твојата
Ликот Твој – земи
Не се гнаси,
Не ме отфрлај,
Не направив ништо добро,
Побрзо заборавај,
Немам ни злато, ни сребро
Само молба имам –
Тебе да Те видам
На прозорец отворен, вечен
На твои раце да бидам лечен
Врховен заповедниче,
Вонмен – повикај кон моите сили
Уште уста да не дорече
Извајај ги Твоите очи храбри.
Сам Ти појави се
Со строгост која опоменува
Биди ми учител над сè
Наместо судија кој се заканува
Состанок закажи ни
Благослов на Икона покажи
Глава да ни се помаже
Твојата става гревовен траг да залаже
Преку Тебе молитви да прострујат
Хорови Ангелски за нас војуваат
Името Христово го носат
Спасение наше просат
Пријди,
Лик свој извајај
Љубовта нема крај.
(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството
при Слепченскиот Претеченски манастир)