Со настапот на Воениот оркестар на АРМ прилепчани го дочекаа импровизираниот напад на участакот и спектакуларниот огномет кој и годинава во чест на државниот празник 11 Октомври традиционално се празнува во градот херој.
Вечерашната свечената програма ја отворија најмладите „звездички “ учесници на Интернационалниот детски фестивал, за потоа со свој избран репертоар да настапи Армискиот оркестар од Скопје кој изведе различни жанровски музички нумери и додатно ја збогати свечената програма. Во своето обраќање Градоначалникот Ристески честитајќи им го државниот празник на Македонците , а посебно на своите сограѓани го истакна големиот јубилеј на градот Прилеп кој оваа година одбележува 1000 години од своето постоење и рече дека овие нови генерации имаат должност да го продолжат херојското дело на своите предци со просперитетна иднина во која економскиот прогрес и високите стандарди ќе бидат слика и прилика на новиот Прилеп, град херој кој секогаш му пркосел на времето.
Празничната програма беше збогатена и со изложбата на реномираниот уметник Илија Миноски – Мината, кој во Ц.К. „Марко Цепенков“ ги изложи своите акаврели по кои е препознатлив, докажувајќи уште еднаш дека Прилеп е силно испиративен за него.
Преземено од http://prilep.gov.mk/