На 10.10, 2014 година се освети Градската Капела во Прилеп.
Со чинот на осветување денеска се стави во употреба Градската капела која е прв објект од ваков тип во Прилеп. Капелата е изградена на засебна парцела од 4500 м2 со градежен и корисен дел од 1000 м2 и со 500 м2 урбанизирано плато. Градена е по сите стандарди за изведба на објекти од ваков карактер . Во Капелата ќе можа да се одвиваат 4 погребални церомонии истовремено. Капелскиот дел е фрескоживописан за да може да се извршува опело на покојникот. Инсталирана е и мортална касетна комора со 9 засебни комори и еден замрзнувач во вредност од 1.260,000,оо ден. Внатрешниот ентериер е осмислен да ги задоволува сите потреби за обавување на погребални церемонии. За потребите на семејствата се издвоени и посебни простории, со цел да им се олесни на граѓаните сите обреди да се извршуваат во Капелата. Во посебниот дел од Капелата ќе биде сместен и административно услужниот персонал.
Оваа капела е една од најголемите и најпространи во државава, a вкупната инвестиција на објектот е околу 25.000,000,оо денари од кои Локалната самоуправа има инвестирано 12.000,000,оо ден, а Комуналец од сопствени средства околу 13.000,000,оо ден.
Иако, законските прописи велат дека доколку во местото на настанување на смртта има Капела, покојникот задолжително треба се сместува во Капела, сепак , од Локалната самоуправа и ЈКП,, Комуналец,, имаат разбирање за чувствата на граѓаните и ќе остават простор граѓаните самите да се одлучат дали ќе ги користат капелските услуги. Што се однесува до цените тие се симболични и пакет услуга би чинела околу 3.700, оо ден. Тука спаѓа подготовка на покојникот, изложување и извршување на опело , сместување во комора , и користење на засебна просторија за семејството на починатиот.
Воедно со чинот на осветување на оваа капела започна изградбата на црквата „Св. Тројца“ чии темели се ставени пред повеќе години, а е во непосредна близина на капелата. Исто така од денеска започнуваат и градежните активности за изградаба на нова помала капела на старите градски гробишта . Градоначалникот Ристески рече дека капелата беше неопходна потреба на граѓаните на Прилеп и секако, ќе биде олеснителна околност во најтешките моменти за граѓаните.
Преземено од http://prilep.gov.mk/