На 04.12.2017 г., кога го празнувавме Воведението на Пресвета Богородица во храм0т и осветувањето на Светињата на Светиите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Благовештение во Прилеп.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Задостојник
Ангелите, гледајќи го влегувањето на Пречистата, се восхитија,//како Дева влезе во светињата на светите. Како до душевен Божји ковчег,/никако да не се допре раката на скверните,/а, устите на верните кон Богородица непремолчно,/веста од Ангелот воспевајќи ја, со радост да извикуваат://навистина од сите највисока си, Дево Чиста.