На 04.11.2017 г., во саботата пред празникот на светиот великомаченик Димитриј, посветена на поменот на покојните (Митровденска Задушница), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи заупокоена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
После Литургијата, беше отслужена Панихида за покој на починатите.
„Спомни ги Господи, душите на починатите слуги Твои, новопретставени и сите неотпеани: во овој ден, во овој час, во овој миг од овој свет што си заминуваат во надежа на Воскресение, во оган, вода, по патишта, од мраз, од глад, без покајание и причест умрените и за православната вера животот што го положиле, сираци, сиромашни, кои немаат блиски да се молат за нив, старци, старици, подвижници, подвижнички, праотци, отци и мајки, браќа и сестри наши и сите, кои побарале да се молиме за нив, чии имиња ги знаеш ти Господи…“
(од молитвеното правило на схиигумен Сава)