на човекот
Зборот кој мирно се слеваше
од твоите усни како да самуваше,
до нас тивко наминуваше
на тивок летен ветер наликуваше.
Кој ќе го опише текот на водата
по браздите на твојот живот?
Кој ќе го собере здивот на ноќта,
кој го обиколува твојот имот ?
Само ја набљудуваме,
а никако да проникнеме
во внатрешноста на еден човек,
кој се смирува занавек
имајќи внимание за секого напретек.
Не дека не поминувал
низ бури и истезанија,
не дека не упивал
од паднатоста и нејзините дејанија.
Но црпел од цутот на врбите
при нивните патувања,
од мените на месеците
при нивните минувања,
од звукот на глуварчето
во неговата расцутеност,
од нежноста на марамчето
ставено на усни при неговата збунетост.
Без роптење и видливо жуборење
даваше одговор на секого во неумор,
без жалење и надмено патење
го прифати Крстот како живот однадвор
– Сите свои тегоби
како да му се случуваат на друг – нели ?
Ти благодарам Орелу
што повторно ме поучуваш татковски
да ја наведнам главата надолу
да го видам оној кој се бори својски,
суетата своја уште еднаш да ја приметам
подобар од себе повторно да видам.
(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството
при Слепченскиот Претеченски манастир)