За човекот – Фјодор Михајлович Достоевски (II дел)

Сфатив, дека не само што не може да се живее како подлец, но и да се умрe како подлец не може… Не, господа, треба да се умира чесно!..

(Браќа Карамазови. XIV. С. 445)

***

Во светот нема ништо потешко од тоа да се биде директен, и ништо полесно од тоа да се ласка. Ако во дирекноста, има барем една стотинка фалшива нота, веднаш се случува дисонанс, а потоа и скандал.

 (Злосторство и казна. VI. С. 366)

***

Секој постапува по совеста, а уредниот човек и расудува по совеста.

(Писма. XXVIII. С. 228)

***

…Секогаш треба да се има чувство за пристојност, која треба да се почитува, дури и ако не сакаме да бидеме пристојни.

(Тетратка со забелешки. XXIV. С. 85)

***

…Кој е склон лесно да ја губи почитта кон другите, тој пред сè, не се почитува себеси.

(Дневникот на писателот. XXV. С. 16)

***

…Ако сакате да се загледате во човекот и да ја познаете неговата душа, не вникнувајте во тоа како молчи, или како зборува, или како плаче, па дури ни како се грижи за најблагородните идеи. Туку подобро погледнете како се смее. Ако се смее добро – значи добар човек. Со смеата некои луѓе сосема се издаваат, и наеднаш ќе ја дознаете нивната внатрешност. Дури и неспорно умната смеа, знае да биде одвратна. Смеата бара пред сè искреност, а каде има во луѓето искреност? Смеата бара незлобие, а луѓето најчесто се смеат злобно. Искрената и безлобна смеа – е веселост, а каде во луѓето од нашиот век има веселост, и дали луѓето знаат да се веселат? <…> Веселоста на луѓето – е најкарактерната човечка црта, со раце и со нозе. Некој карактер, долго не ќе можете да го протолкувате, а се насмее ли човек некако многу искрено, целиот негов карактер ќе се покаже како на дланка. Само со највисок и најсреќен развој човек знае да се весели комуникативно, то ест, неодоливо и добродушно.

 (Тинејџер. XIII. С. 285)

***

Плашливец е оној, кој се плаши и бега; а кој се плаши и не бега, тој сеуште не е плашливец.

(Идиот. VIII. С. 293)

Фјодор Михајлович Достоевски
Фјодор Михајлович Достоевски

***

Без нешто свето и драгоцено, понесено во животот од детските спомени, човек не може ни да живее. Некој, навидум, не ни размислува за тоа, а сепак, тие спомени потсвесно ги чува. Тие спомени може да бидат дури и тешки, горки, но и проживеаното страдање може подоцна да се претвори во светиња за душата.

 (Дневникот на писателот. XXV. С. 172–173)

***

Ќе ви кажам што е бичот. Бичот во семејството е продукт на родителската мрзеливост, неизбежен резултат на таа мрза. Сè, што може да се направи со труд и со љубов, со неуморна работа над децата и со децата, сè што може да се достигне со расудување, објаснување, инспирирање, трпение, воспитување и пример, – сето тоа слабите, мрзливи, но нетрпеливи татковци, најчесто сакаат да го постигнат со бич? „Нема да му објаснувам, туку ќе му наредам, нема да го убедам, туку ќе го натерам“. И каков ќе биде резултатот. Детето кое е итро, снаодливо, веднаш ќе се покори и ќе ве излаже, и вашиот бич нема да го исправи, туку ќе го разврати. Детето слабо, плашливо, со нежно срце – ќе го скршите. А детето добродушно, простодушно, со срце директно и отворено – најпрвин ќе го измачите, а потоа ќе го ожесточите и ќе го изгубите неговото срце.

 (Дневникот на писателот. XXV. С. 190)

***

На детето може да му се каже сè- сè; мене секогаш ме поразувала мислата, колку лошо ги познаваат големите деца, татковците и мајките, дури своите деца. Од децата ништо не треба да се крие, под изговор дека се малечки, и дека рано им е да знаат. Колку тажна и несреќна мисла! И колку добро, самите деца забележуваат дека татковците ги сметаат за премногу малечки, кои не разбираат ништо, додека тие разбираат сè. Големите не знаат, дека детето, дури и во најтешката ситуација може да даде многу важен совет. О Боже! Кога во вас гледа таа малечка добра птичка, доверливо и среќно, срамно е да ја излажете! Јас ги нарекувам птички, зашто подобро од птичките нема ништо на светов. <…> Преку децата се лекува душата на човекот….

 (Идиот. VIII. С. 58)

***

…Торжествено објавувам, дека духот на животот вее како и претходно, и живата сила не пресушила во младото поколение. Ентузијазмот на современата младина, исто е чист и светол, како и од нашите времиња. Се случи само едно нешто: преместување на целите, замена на една убавина со друга! Сета недоумица е само во тоа што е поубаво: Шекспир или чизми, Рафаело или бензинот? <…> А јас објавувам, дека Шекспир и Рафаело – се поголеми од ослободувањето на селаните, поголеми од народноста, поголеми од социјализмот, поголеми од младото поколение, поголеми од хемијата, поголеми од целото човештво, зашто тие се веќе плод, вистински плод на целото човештво, и можеби, најголем плод, каков што може да биде! Формата на убавината веќе е достигната, без чие достигнување, јас можеби, нема ни да се согласам да живеам… О Боже!

 (Бесови. X. С. 372–373)

***

Не ги прима родот човечки своите пророци и ги бие, но луѓето ги сакаат мачениците и ги почитваат оние кои ги убиле.

(Браќа Карамазови. XIV. С. 292)

***

Интересно, од што луѓето најмногу се плашат? Од нов чекор, од својот сопствен нов збор најмногу се плашат…

 (Злосторство и казна. VI. С. 6)

***

…Животот — е цела уметност, да се живее – значи од себеси да се направи уметничко дело…

 (Петербургска летопис. XVIII. С. 13)

Фјодор Михајлович Достоевски 

http://www.pravoslavie.ru/106919.html