На 08.10.2017 г., во Осумнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобна Ефросинија; Преподобен Сергеј Радоњежски; Преподобна Ефросинија Суздајска; Митрополитот Преспанско-пелагонсики г. Петар, во сослужение на Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, игуменот Спиридон Поповски, протоереите Сотир Гачевски и Михаил Матвеев, и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Георгиј во Ресен.
На Литургијата, Владиката го ракоположи во почесен ѓаконски чин, го ракоположи ипоѓаконот Константин Сековски, долгогодишен протопсалт и основач на хорот Свети Ахил Преспански во Ресен, како и сеоддаден член во црковниот и Епархискиот управен одбор.
Богослужбата беше збогатена со милозвучните песнопенија и молитвите на хоровите Св. Агатангел Битолски и Св. Ахил Преспански.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Благоденствувај уште многу години во службата Божја, отче Константине!