На 07.10.2017 г., празнувајќи го споменот на Светата првомаченичка Текла рамноапостолна; Свети Стефан крал српски, првовенчан; Свети Давид; Светиот крал Владислав; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар изврши Големо осветување на храмот посветен на Светата Маченичка Параскева – Петка во Мусинци.
Пред Литургијата, во чин чтец беше ракопроизведен г. Ѓорѓи П., редовен парохијанин и дел од црковниот одбор од таа парохија.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.