Одговарајќи на прашањето за разбирањето на светоста во современиот свет, митрополитот Месогискиј и Лавреоткискиј Николај рече:
„Во мојот живот имав особено искуство – 6 месеци поминав на Света Гора со свети Пајсиј Светогорец – раскажува митрополитот. – Да живееш покрај свет човек – е неописливо чувство. Тогаш совршено исчезнуваат сите прашања: постои ли Бог? Светителот се наоѓа покрај тебе, и самиот тој е жив доказ за постоењето на Бога“.
Јерархот забележа, дека при средбата со праведниците, Господ се познава како љубов и мудрост. „Тој присуствува секогаш и секаде во нашиот живот, готов да ни Се јави нам“.
„Сите луѓе се надарени со способност да станат свети, и таа перспектива постои кај секој човек – продолжува владиката. – Православната Црква располага со сите инструменти, со чија помош може да се достигне таа цел“.
Светоста не е само благочестивост. Светителот – е Божји човек, преку кого Бог им се јавува Себеси на другите луѓе. „Ние имаме такви примери на светост – забележа архиерејот. И тоа, би рекол е монопол на Православната Црква – вистинската Црква, која му дава на светот не само благочестиви верници, но свети праведници, кои ја проповедаат со својот живот небесната слава на земјата“.
Светителите целиот свој живот оделе кон светоста и притоа не биле безгрешни, забележа митрополитот. „Но тие постојано се каеле. Светител – е оној, кој постојано се кае пред Господа. Треба да го отвориме своето срце пред Господа, да ја пуштиме таму благодатта и да му дозволиме да нè преобрази“ – заклучи владиката.