На 21.09.2017 г., празнувајќи го Рождеството на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Димитар Михајловски, Зоран Димовски, Кирил Трајковски, Стеван Здравевски, Горан Кутлешовски, и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, во храмот на Пресвета Богородица во Битола, отслужи Божествена Златоустова Литургија.
На Литургијата пееја три хорови: „Свети Нектариј Битолски“ и „Св. Макрина“ од Битола, и хорот „Св. Ахил Преспански“ од Ресен.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кондак, глас 4
Јоаким и Ана од срамот на бездетноста, и Адам и Ева од смртната пропадливост: се ослободија Пречиста, во твоето свето раѓање.Затоа празнуваат и твоите луѓе, кои се избавија од вината на прегрешенијата, со воскликнување:Неплодната ја раѓа Богородица и Хранителка на нашиот Живот.