На што најмногу потпаѓа под влијание современиот човек, кој денеска има, ако може да се каже – барања со најголема гаранција? Мислам, одговор на тоа прашање, со одредена јаснотија дава секадеприсутната реклама
, која стана неоткинлив дел од нашиот живот, од која што никаде не може да се скриеме, да избегаме. Што се рекламира најмногу? – Ако зборуваме општо, тогаш – „волшебните начини“. Што е тоа? Тешко е да се поверува, дека има барем некој, кој не го знае тоа и кој ниту еднаш во животот не паднал во таква замка.
Стотици начини за слабеење без најмал напор – само земи го ова или она чудотворно средство. Множество варијанти за здобивање со силно, мускулесто тело – од „уникатни“ додадоци во храната, до некакви таинствени белегзии, кои треба да се купат и да се носат на рака (две, по цена за една – тоа исто така е многу привлечно: си купуваш веднаш и себеси и на некој друг). Безброј начини моментално и без тешкотии да се збогатиш – само треба да се набави и прочита брошура, да се изгледа видео курс, да се посетат неколку часови со специјалист… Сам, ништо д ане правип, во ништо да не проникнуваш, за ништо да не се грижиш, само да платиш и да го добиеш тоа што страшно го посакуваш.
Апсурдно? Без никаков сомнеж. Сиот живот точно сведочи за тоа. Каде се тие луѓе – кои преуспеале благодарение на тие „волшебни начини“, каде се доказите за вистинитоста на „волшепството“? Не, секако, секоја брошура, видео-курс, лекција се преполни со „сведоштва“: „И јас бев како вас – безобразно дебел, слаб, сиромав, болен, несреќник, но купив, прочитав, погледнав, примив таблетка, испив коктел, набавив чудо-тренер и станав таков, што без завист, вие веќе нема да можете да ме погледнете“. Само што, во животот, ние не гледаме, не наоѓаме никого од тие сведоци. И затоа, и самиот опит, и елементарниот здрав разум нè убедуваат: туку-така, за џабе, без тешкотии, ништо добро не може да се стекне. Да, постојат луѓе, на кои успехот, положбата, богатството им останале како наследство или благодарение на некои околности. Постојат и такви, кои се родиле потполно здрави, стројни, убави, кои по природа имаат прекрасна физичка форма, силни се и издржливи. Но, најчесто – речиси секогаш – она, кон кое што се стреми човек, од кое има потреба, се здобива после долго време, пот, а некогаш и крв – и некогаш дури не во преносна, туку во најбуквална смисла на зборот.
Да… Но, и опитот, и здравата разум и делото отстапуваат во заден ред, кога се сретнуваат двете, кои би требло взаемно да се исклучуваат, но всушност, неразделни составни особини: желбата да се има и немањето желба да се работи. И следуваат обид по обид – едниот побезусешен, посмешен, или пак, потрагичен од другиот. Колку несреќници си го нарушиле здравјето, лажејќи се со рекламите на секакви биододатоци, чиј состав не секогаш вистински им е познат дури и на нивните производители! Колку простодушни луѓе си ги оддале последните пари на оне кои ги учеле како да се збогатат! Колку ги има – измамени, само затоа што сакале да се залажуваат!
Во областа на црковниот живот постои истата болест – потрага по „волшебни средства“: барање на „старци“, некакви тајни, „посебно силни“ молитви…
И добро е, ако тоа може да се каже само за прашања од световен карактер. Но, не.. истото, иако во малку друг вид, може да се види и во областа на црковниот живот. Истата болест – барање „волшебни средства“. А нејзините пројави ги има премногу. Барање на старци, кои треба да го укажат патот кон спасението, и – уште повеќе – кои со уверена, цврста рака ќе нè водат по нив до самите рајски врати. Пронаоѓањето на некакви тајни, „посебно силни“ молитви, со чие посредство ќе може да се помогне во секоја беда, да се исцелиме секоја болест, да го добиеме она што ни е потребно. Отказ од работа, напуштање на пријателите, роднините, ближните, продавање на домот и преселување поблиску до оваа или онаа света обител со надеж, дека самата сенка од нејзините ѕидови ќе ги заштити од секакво – времено и вечно – зло.
Зошто е тоа така? Од истите причини: христијанскиот живот, духовниот живот подразбира постојан и пожртвуван труд – не само што, не помал од другите области на човечката дејност, туку многу повеќе. Тој подразбира и одговорност – најсериозна, крајна, може да се рече: затоа што таа одговорност не е толку пред луѓето, колку што е пред Бога. И се плаши, бега од труд и одговорност човекот и повторно бара: како да устрои сè така, што сè ќе си дојде „само“ – и светоста, и спасението, и поприземјено, избавувањето од се што е непријатно и мачно. Така и се појавуваат некакви нејасни, збунувачки, од рака во рака, со голема тајност, предавани молитви, кои што повеќе личат на заговори. Така и возникнуваат – „старци“, за чија „светост“ неуморно раскажуваат нивните многу блиски и специјално ополномоштени луѓе, и околу нив се создаваат општини, кои до болка личат на тоталитарна секта, чии членови, можеби ни Светото Писмо никогаш не го читале, но цврсто знаат: ако направиш сè, како што вели старецот – сигурно ќе се спасиш. Ако не послушаш – готово, со тебе е крај.
Секако, не е сè толку јавно, со толку големи крајности и нарушувања. На пример, едноставно сакаме сето свое бреме – донесувањето на одлуки, претрпување на тешкотиите, борбата со страстите – да ја предадеме на некого, кој е посилен, зашто нели треба, всушност, по зборовите на апостолот, силните да ги носат слабостите на немоќните. Затоа, и нека не е старец, нека е простиот, „обичен“ парохиски свештеник, тој што ќе одлучува сам за мене, кој сам за мене ќе се моли, а јас ќе му се обесам на него, и така, галејќи ме, ќе ме довлечка до каде што е потребно… Зашто пишуваат: духовникот го зема врз себе бремето од своите духовни чеда. Тогаш и нека го земе.
Спасението – е во храброто, одговорно преодолевање на сè што стои меѓу нас и Бога.
Но, напразни се сите вакви пресметки, планови и размислувања. Спасениот на оние што тонат во брановите на животното море и сопствените страсти е Божја работа – и на оние што тонат. Тоа се кова под ударите на непријатностите, се зајакнува во борбата со гревовните навики, се извршува со храбро, одговорно преодолевање на сè што во овој живот стои меѓу нас и Бога. Не постои ниту волшебно средство, ниту волжебни таблетки, ниту волшебен начин кои би можеле тука да му помогнат на човекот. Постојат само тој и Господ, Кој веќе сè дал за неговото спасение и работата останува само на него… Толку проста вистина, а толку тешко, болно може да се прими! Особено кога наоколу купови рекламни агенти, кои се натпреваруваат да ни го предложат нивното (имено нивното!) „волшепство“. Какви агенти? Истите, за кои што зборува апостолот, против кои е и борбата наша, кои што не се од тело и крв. Тие измислиле и измислуваат сè што е волшебно, чудотворно и лесно. Најнапред на духовен план, а на световен план – само за забава…
Игумен Нектариј Морозов