Околу 100 илјади верници примија учество во Литијата во Санкт Петербург, во чест на пренесувањето на моштите на светиот Александар Невски, соопштуваат РИА Новости.
Крсната Литија поминуваше по Невски проспект, од Казанскиот храм до плоштадот Александар Невски.
„Оваа Литија се одржува по петти пат. Тоа веќе е возродена традиција на Санкт Петербург. Оваа година, литијата ја возглави надлжениот епархиски архиереј – митрополитот Санкт-Петербургски и Ладожски, Варсануфиј. Покрај Казанската чудотворна икона на Пресвета Богородица, на чело на Литијата се носеше и почитуваната грчка икона на Богородица „Панагија Сумела, донесена од Веријскиот митрополит Пантелејмон“ – изјави раководителот на секторот за комуникации на митрополијата, Наталија Родоманова.
По завршувањето на Литијата на плоштадот Александар Невски, од Свето-Троицкиот манастир биле изнесени моштите на благоверниот кнез, и се отслужил молебен.
На 12 септември, 1724 г., основачот на северната престолнина Петар I Велики, лично ги пренел моштите на свети Александар Невски, кои до тогаш се чувале во Владимир, во манастирот основан од него. И така, градот над Нева добил свој небесен покровител и заштитник, а 12 септември, за Петербург станал посебен празник.
12 сентября 1724 года основатель северной столицы император Петр I собственноручно перенес в учрежденный им мужской монастырь мощи святого благоверного князя Александра Невского, покоившиеся до этого во Владимире. Так город на Неве обрел своего небесного покровителя и защитника, а день 12 сентября стал для Петербурга особым праздником.
Тропар на Александар Невски, глас 4
Познај ги своите браќа, руски Јосифе, кој не во Египет, но на Небесата царуваш, благоверни кнезу Александре, и прими ги молбите нивни, умножувајќи го животот на луѓето на плодоносната земја твоја, градовите на твоето владеење огради ги со твоите молитви, и на православните христијани со враговите биди им соборец.
Извор: http://www.pravoslavie.ru