ОТВОРЕН МЕЃУНАРОДНИОТ КОНКУРС ЗА ГРАНТОВИ „ПРАВОСЛАВНА ИНИЦИЈАТИВА 2017-2018 г.“

По благослов на Светејшиот Патријарх Московски Кирил, Координациониот комитет за подобрување на социјалните, образовните, информациските, културните и други иницијативи под покровителство на РПЦ, објавува за почетокот на Меѓународниот отворен конкурс за грантови „Православна иницијатива 2017-2018 г“, соопштува Патриархия.ru.

Приемот на апликациите започнува од 1 септември, 2017 г., на сајтот  www.newpravkonkurs.ru, а ќе заврши на 23 октомври, 2017 г., во 18.00 ч. (по московско време). Одржувањето на конкурсот се регулира со Одредбите за програмата „Православна иницијатива“ и Известувањето за објавување на меѓународен јавен грантов конкурс „Православна иницијатива, 2017-2018“.

Ќе бидат разгледувани барањата од следните проектни насоки:

– Образование и воспитание;

– Социјално служење;

– Култура;

– Информациска и мултимедиумска дејност.

Во рамките на „Социјалното служење“ постои специјална номинација „Прифатилишта за бремени жени“. Сумата на грантот во рамките на номинацијата може да достигне до 1 милион рубљи. Средствата од грантот можат да бидат насочени само на создавање на нов центар за помош и поддршка во првата година од неговото постоење.

Во рамките на конкурсот исто така постои специјална номинација „Малечки градови и села“ со грантова поддршка до 300 илјади рубљи.

Во конкурсот се предвидени 3 видови на проекти – локални проекти, мрежни проекти и инфраструктурни / проекти кои создаваат системи.

Локалните проекти се реализираат од една организација во еден или неколку субјекти од Руската Федерација. Победниците може да сметаат на грантова поддршка во обем од 600 илјади рубљи.

Мрежните проекти се реализираат во не помалку од два субјекти во Руската Федерација во две или повеќе организации. Размерот на бараниот грант не може да надминува 1 милион рубљи.

Спроведувањето на конкурсот, вклучувајќи го техничкото обезбедување на процедурите на конкурсот, организацијата на обработувањето на пристигнатите барања, финансирањето на победниците, добивањето и проверката на дадениот отчет, му надлежи на Фондот за поддршка на хуманитарни и просветителски иницијативи „Соработничество“.

Консултација од специјалистите на фондот „Соработничество“ може да се добие преку лично обраќање на електронската пошта  konkurs2017@pravkonkurs.ru, а исто така и кај регионалните координатори.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/106111.html