На 21 јули, Епархискиот совет на Буковинската митропилија (Романска патријаршија) реши да го стави под забрана месниот епископ Корнелиј. Тоа се случи после распространувањето на видео запис на негови „скандалозни дејствија со 17 годишен младич“, пишува во официјалното соопштение од митрополијата. Најпрвин, епископот нема да богослужи, а делото ќе биде разгледано на крајот на Богородичниот пост, на редовната седница на Св. Синод на Романската Патријаршија (Судската инстанција за архиереи), на која се очекува епископот да биде лишен од чинот.
Самиот епископ не го коментирал скандалот јавно, но преку својот адвокат поднел жалба до Дирекцијата за истрага на организирани престапи, за клевета. Во жалбата тој тврди, дека видеозаписот е монтажа и бара техничка експертиза. Уште понепријатен е фактот, што во својата жалба тој обвинува тројца свештеници за уцена.
Романските медиуми го коментираат активно и детално скандалот, кој несомнено се одразува на авторитетот на Црквата во целост. Макар и поретко, се слушаат и гласови на духовници, според кои молчаливото покривање на вакви скандали е само привидно „за доброто на Црквата“, зашто Црквата не е човечка организација, за која имиџот во општеството е најважен за успехот во нејзиното дело. Црквата е простор, каде што на неповторлив начин живее Светиот Дух и покривањето, и на тој начин поттикнувањето на такви гревови, „за кои е срамно дури и да се зборува“ (Еф. 5, 12), ја оттурнува благодатта на Бога и така се отежнува спасението на целиот Божји народ. Зашто речено е: „Не учествувајте во бесплодните дела на темнината; напротив, изобличувајте ги. Зашто за она, кое нечестивите скришум го вршат, срамно е и да се зборува. А сè, што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи сè што е јавно, светлина е. (Еф. 5, 11-13).
Извор: https://dveri.bg/uppuw