На 23.07.2017 г., во Седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите; Преподобен Антониј, Киево-печерски; Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот поради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на Апостолот Петар: “Ме љубиш ли?” Така и во рајот ќе ги праша сите: “Дали ме љубите?” И сите ќе одговорат: “Да, Господи, ние Те љубиме. Ти нe спаси со Своите страдања на крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.
Свети Силуан Атонски