Осветување на темели и промоција на ДВД во црквата Св. Петка, Прилеп

На, 12.07.2017 година, кога светата православна Црква го празнува споменот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка)“ – Точила, Прилеп беше поставен и осветен камен темелник за изградба на црковна трпезарија и административна зграда, со канцеларија за едукација и развој на црковниот и манстирскиот туризам. Осветувањето на каментемелникот го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на свештенството од прилепското архиерејско намесништво.
Веднаш после чинот на осветување на темелите за црковната трпезарија, во внатрешноста на храмот  се одржа промоција на новото ДВД  „КРЕПОСТ И ДОСТОЛЕПИЕ МАКЕДОНСКИ – 10 прилепски цркви и манастири“, во изведба на црковниот хор „Св. Петка“  – под диригетската рака на протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Промотори на цедето беа Митрополитот г. Петар и Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески, а за проектот збор зеде и самиот диригет. Прекрасните гласови на нашите хористи ни ја згоемија радоста и торжественоста со тоа што исполнија неколку композиции од самото ДВД. На што бројната публика не оддолеа, а тоа го изрази со долгиот аплаус.
Меѓу дугото владиката напомна дека храмот „Св. Петка“ навистина е живата црква во Прилеп, бидејќи тука во неа се ткае една нова духовна историја во нашата родна  црква.
За сите заинтересирани граѓани кои сакаат да го поседуваат промовираното ДВД, тоа ќе можат да го направат после 08.08.2017 година.

6958-postaven-i-osveten-kamen-temelnik-za-izgradba-na-crkovna-administrativna-zgrada-i-trpezarija-vo-hramot-sv-petka-.-960x600-18 6958-postaven-i-osveten-kamen-temelnik-za-izgradba-na-crkovna-administrativna-zgrada-i-trpezarija-vo-hramot-sv-petka-.-960x600-20 DSCN9755 DSCN9797 DSCN9804

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Известува: Дамјан Трпкоски