На 14 јуни, 2017 г., во административниот центар на Света Гора, Кареја, во соборниот храм на Протатонот се одржа редовната церемонија за предавање на управата на новиот состав на Свештената Епистасија – главниот извршен орган за управување со Светогорската монашка автономија – соопштува «Русский Афон».
Оваа година, во состав на новата Епистасија влегоа: о. Гервасиј Ивирит, јеромонасите Јероним Симонопетриски и Епифаниј Пантократорски, а исто така и монахот Никифор Филотејски. За генерален секретар, веќе петта година по ред е избран јеромонахот Теофил Пантократорски.
За време на традиоционалната церемонија, Протепистатот на составот во заминување, о. Варнава Ватопедски, по древната светогорска традиција му го предаде жезалот – симболот на административната власт на Света Гора – на антипросопот на Великата Лавра на преп. Атанасиј, јеромонах Никодим Лавриот. Во спомен на тоа, што преп. Атанасиј Атонски стоел на изворот на многу светогорски манастири, кои постојат до денес, на претставникот на Великата Лавра му се дава честа да го врачи игуменскиот посох, како на сите новоизбрани настојатели на светогорските манастири, така и на протепистатите на Свештената Епистасија на Атон.
За време на церемонијата, после молебниот и поклонението пред чудотворната икона на Мајката Божја „Достојно ест“ (грч. „Аксион Естин“), претставникот на Великата Лавра јеромонах Никодим, му го врачи жезалот на о. Гервасиј Ивирит, кој стана Протепистат во новиот состав на Епистасијата.
Претставниците на тие четири светогорски манастир го сменија претходниот состав на Епистасијата, во кого од 2016-2017 г., влегуваа о. Варнава Ватопедски, јеромонах Филотеј Кутлумушки, монах Андреј Каракалски и јеромонах Филимон Ставроникитски.
На церемонијата на предавање на власта на новиот состав, присуствуваа претставници од сите светогорски манастири, државниот губернатор на Атон Аристос Касмироглу, претставници на граѓанските власти на Грција, полиција, многубројни поклоници.
Свештената Епистасија (῾Ιερὰ ̓Επιστασία – Свештен Надзор) – е орган, кому му припаѓа извршната власт на Света Гора. Нејзиниот состав се менува секоја година, на почетокот на јуни. Се наоѓа во Кареја – главниот град на автономната монашка република.
Нејзе ја сочинуваат претставници од 5-те четворки, кои секоја година се менуваат (групи, во кои влегуваат по 4 манастири), на кои се поделени 20-те манастири на Света Гора:
- Во првата група влегуваат: Великата Лавра, Дохијар, Ксенофонт, Есфигмен.
2. Во втората: Ватопед, Кутлумуш, Каракалу, Ставроникита.
3. Во третата: Ивирон, Пантократор, Филофеј, Симонопетра.
4. Во четвртата: Хиландар, Ксиропотам, Свети Павле, Григоријат.
5. Во петтата: Дионисијат, Зограф, Свети Пантелејмон, Констамонит.
Секоја година, една од групите ја сменува другата и така ја сочинуваат Свештената Епистасија. Првиот по ред (πρῶτος – прв) член кој стапува во групата (четворката) носи титула „Протепистат“ (прв надзорник), претседателстува во Епистасијата и го држи жезалот прота.
Сите членови на Епистасијата се еднакви помеѓу себе и Протепистатот е само прв меѓу еднаквите. Сепак, да се исполнува должноста Протепистат, можат претставници само на четирите манастири – Великата Лавра, Ватопед, Хиландар и Дионисијат.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/104423.html