Човек? – Па човекот е најчудесната и најсовршена работилница, во која непрестајно се врши таинствено прелевање на видливотот во невидливо, и невидливото во видливо, како и прелевање на природното во натприродното и натприродното во природното.
Бог ги повикува сите, а колку ќе се оѕвиеш ти, зависи од тебе.
Што е чистотата на умот? – Чистотата на умот – е Божествено просветлување после вежбање во добродетелите – μετα πραξιν των αρετων. Значи: чистотата на умот е плод на вежбањето во добродетелите. Практикувањето на добродетелите ја умножува благодатта во човекот; облагодатувањето на умот го чисти умот од нечисти помисли…
Страдањето е вино со кое Христос го причестува човекот од путирот на љубовта.
На боиштето во срцето постојано се борат сите противречности на небото и земјата.
Бескрајност без Христа? Зар тоа не е – бескрајна мака за духот човечки? Пеколот и не е нешто друго, освен бескрајност без Христа, бесмртност без Христа. Да се живее бесмртно без Господа – тоа и се вечните пеколни маки.
Ако душата има љубов, тоа е нејзината смиреност. Во смирението е власта љубовта, зашто љубовта владее со смиреност.
Свети Јустин (Поповиќ) Ќелиски
Подготви: Јелена Мирковиќ