Спомен на блажената старица Макрина (1921-1995)

На четврти јуни, си спомнуваме за блажената старица Макрина (во светот Марија Васопулу), игуменија на манастирот на Панагија Одигитрија, во близина на градот Волос, духовно чедо на старец Јосиф Исихаст и старец Ефрем Филотејски (Аризонски) (Мораитиса). Старица Макрина стекнала многубројни духовни дарови и се удостоила за високи духовни состојби.

 Избраничка Божја од утробата на мајката

            Блажената старица преживеала многу маки, уште од малечка останала без родители, видела опасни смртни болести, гладот и ужасите на војната, тежок труд.

Таа била избраничка Божја уште од утробата на нејзината мајка. Кога Марија имала само осум години, за време на молитвата со другитедеца слушнала внатрешен глас, кој ја повикувал кон ангелскиот живот на монаштвото. Во тој момент девојчето го доживеала Божјото присуство во своето срце и почнала да плаче со обилни солзи. Тоа ги оставило своите другари, отрчало дома и паднало со плач пред светите икони.

Истата вечер, кога нејзиниот татко се вратил дома, Марија му кажала дека би сакала дастане монахиња. Кога татко ѝ ја прашал, дали знае што значи – да стане монахиња, неговата малечка ќерка ништо не одговорила. Тогаш тој сфатил, дека тоа е призив од Бога. Ѝ се насмевнал на Марија, и покрепувајќи ја во таа света желба, ја благословил и рекол: „Биди добра монахиња, дете мое!“

Старица Макрина и старец Ефрем Аризонски
Старица Макрина и старец Ефрем Аризонски

Како Марија се исцелила од смртно опасна болест

            Уште од рано детство, Марија многу ја почитувала Пресвета Богородица. За време на германската окупација, на девојчето му поставиле дијагноза „плеврит“. Еднаш, таа седела сама во една темна соба, умирајќи од глад, се молела на Мајката Божја и мирно чекала кога ќе ја земе од овој живот. Во еден момент, собата се наполнила со светлина и Марија видела монахиња, која ѝ се приближила и со љубов ѝ ветила дека ќе ја исцели. Болката и чувството за глад исчезнале во истиот миг, и Марија се почувствувала така, како штотуку добро да вечерала. После тоа чудесно видение, таа се исцечила од тешкиот плеврит.

„Такви чисти мисли никогаш не сум видел, кај ниту еден човек“

            Блажената старица била блиска пријателка со неколку грчки подвижници на благочестието, од кои некои неодамна беа прославени од Црквата во чинот на светителите. Кога таа за првпат го сретнала неодамна прославениот свети Пајсиј Светогорец и направила земен поклон пред него, старецот веднаш како одговор на тоа, и самиот направил пред неа земен поклон. Тој не станувал, додека старицата не станала прва. Свети Пајсиј се упокоил само два месеци откако душата на блажената Макрина се преселила во вечноста. Дознавајќи за нејзиниот блажен крај, преподобниот рекол, дека „повеќе нема да има такви, како неа“.

Блажениот старец Јаков (Цаликис) Евбејски, обраќајќи се кон луѓето, кои живееле покрај обителта на игуменијата Макрина, им велел: „Ако јас бев на ваше место, секое утре ќе одев пеш во манастирот, да добијам благослов од старицата Макрина, а дури потоа ќе одев на работа“. Старец Порфириј Кавсокаливит и блажениот старец Јероним, исто така со многу високи зборови се изјаснувале за старицата Макрина

Старец Ефрем Аризонски напишал за блажената Макрина: „Таа беше извонредно добродетелен човек и се одликуваше со смирение, кротост, внимателност и непрестајна молитва. Таа имаше чудесна чистота на умот. Такви чисти мисли не сум сретнал никогаш, кај ниту еден човек.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/103957.html