Четвртата дискусија на Христијанскиот философски форум е посветена на фундаменталниот философски и теолошки концепт AION. Тој стои во основата на класичната философска космологија, укажувајќи на различни димензии на временото и вечното. Христијанската теологијата се надоврзува на класичната традиција, правејќи разлика помеѓу „овој AION“ на минливиот живот и „идниот AION“ на Божјо царство. Латинскиот пандан на AION, saeculum, стои во коренот на современите поими „секуларен-секларизам-секуларизација“. Со тоа, пак, се отвора актуелното прашање околу односот меѓу религиајта и секуларното општество, како и бројните потпрашања кои произлегуваат од него. Гости:
Проф. д-р Георги Каприев (Философски факултет при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Р. Бугарија);
Проф. д-р Владимир Петрушевски (Природно-математички факултет при УКИМ).