На 28. 05. 2017 година, Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на утрената богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од МПЦ – ОА, а во присуство на многуброен народ, ги дочека Светите моштии на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, кои достојно, по повод канонизацијата, беа донесени од Лесновкиот манастир и внесени во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Во 08:45 часот, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го дочека Поглаварот на МПЦ – ОА Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ, Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен. Во 09:00 часот Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ – ОА и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири и свештеноереи од МПЦ – ОА отслужи Света Архиерејска Литургија. На малиот вход Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан отслужи помен на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец, Епископот г. Климен ја произнесе одлуката на САС на МПЦ – ОА за впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, Надлежниот Митрополит г. Иларион го произнесе синаксарот – житието на Епископот Велички Гаврил Светогорец, по што Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан ја освети новонацртаната икона со ликот на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец и со истата го благослови православниот верен народ. По ова Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан, членовите на САС на МПЦ – ОА и свештенослужителите се поклонија на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На крајот од Светата Архиерејска Литургија, Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан одража содражајна пригодна беседа за светиот живот и многубројните чуда на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На каноназицајата, покрај многубројниот православен народ од сите краишта на Татковината Македонија како и од странство присуствуваше и Премиерот на РМ г. Емил Димитриев, Рускиот Амбасадор во РМ г. Олег Шчербак, Претседателката на Верската Комисија г – ѓа Валенитна Божиновска, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захарив како и други Јавни личности.
Преку целиот ден верниот народ се поклонуваше на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. По неговите молитви, Бог и нас да не помилува и спаси, како благ и човекољубив.
Преземено: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk