Додека патријархот Павле беше жив, многумина сметаа дека не мораа ниту да се молат, ниту да се занимаваат со верата и црквата, затоа што наместо нив, тој ќе го направи тоа. И сега, сѐ уште немаат идеја, дека можат со тоа сериозно да се позанимаваат…
Само сакајќи ги другите, служејќи и сакајќи го „ближниот свој“ можеме да му дадеме смисла на својот живот, зашто љубовта не е само некое недофатливо чувство, туку, всушност божествен начин на постоење, вели во разговорот за порталот Expres.net, по повод најголемиот христијански празник, Велигден, Ѓаконот Ненад Илиќ, теолог, уредник, писател, драматург.
Го прославуваме најголемиот христијански празник Велигден во време кога како луѓе сме сѐ одродиле, изобличиле. Се чини дека сме сѐ помалку и луѓе и Срби, а да, притоа, и не знаеме што стануваме и каде одиме. Каде се, според Вас, Србите и Србија за Велигден 2016?
На пат кон земјата Недојдија. Застануваме да се чукнеме со фарбани јајца и продолжуваме понатаму низ слабо осветлен тунел, кон – ништо. Боже помогни да се освестиме од хипнотичкиот сон во кој сме паднати.
Семејството ни се распаѓа, додека родителите ринтаат за милостина, децата, препуштени сѐ самите на себе, училиштата се полни со насилство. Дали има надеж, пред сè, за семејството?
Мора да има надеж. Семејството е разбиено за големите работодавачи да дојдат до евтина работна сила, за вкупната потрошувачка на самостојните членови на семејството да биде поголема. Ако тоа го сфатиме, можеби ќе најдеме и реален, ефикасен начин како да го заштитиме семејството. Семејството е сѐ уште незаменлива основа остварена со блискоста и учењето на љубовта, заштита на поединците од светот кој го гледа само како функција.
Зарем не мислите дека Црквата е прилично пасивна и аутистична во актуелен момент, молчи и замижува на проблемите од луѓето за кои мора да зборува? Да не зборуваме за добротворната работа која е занемарлива.
Има сјајни свештеници и млади теолози, но институционално навистина не се работи доволно. Иако добротворните и останатите социјални активности вушност не се меѓу основните активности на Црквата, дојдено е такво време што народот е останат без било каква заштита, па нема кој да го брани освен Црквата. Нема кој да организира некои потребни некомерцијални активности. Како што Црквата тоа го правела повеќе пати во историјата. Особено, во времињата на ропства и окупација. Верниот народ може да иницира во рамките на Црквата многу нешта. Но, за тоа, треба да биде подготвен да совлада многу инерции.
По смртта на патријархот Павле повеќе ништо не е исто во Црквата. Каде е СПЦ сега, во однос на времето кога патријархот Павле беше жив?
Мислам дека сето тоа нема врска со патријархот Павле. Нешто поголемиот замав на црковниот живот не бил толку поврзан со неговата активност, туку со растечката линија во „националното будење“. Православната вера беше и остана идентитетска кичма на српкиот народ. Како што националното самочувство влегло во осека, и во голема мера со себе ја повлекло и црковноста. Црквата која го преживеала комунизмот не се снашла со брзиот прилив на верници. Малку од тоа е направено да се развива некоја нова активност освен Литургијата. Наместо со останатите православни да се движиме во светска мисија, зашто Богочовекот денес е потребен на светот како што и секогаш Бил, ако не и повеќе – ние повторно се повлекуваме во резервати.
Денес плачеме за патријархот Павле, а додека беше жив баш и не го слушавме. Зошто сега Павле толку ни недостасува?
Тој за сите нас, пред сè беше еден вид медиумска ѕвезда. Светски првак во однос на останатите верски поглавари. И тоа некако го фаворизирало нашето фалење. Додека патријархот Павле беше жив, многумина сметаа дека не мора ниту да се молат, ниту да се занимаваат со верата и црквата, затоа што наместо нив тој ќе го направи тоа. И сега, сѐ уште немаат идеја дека со тоа може сериозно да се занимаваат, и дека не им делува другите да го прават тоа за нив како што треба. И тоа побудува мачнина и самосожалување.
Активен сте на Фејсбук, каде имате голем број слебеници кои ги коментираат Вашите постови за христијанството, и воопшто за универзалните човечки вредности. Која е смислата на Вашето „Фејсбук мисионерење“?
Не планирав сериозно да се занимавам како што вие велите со „Фејсбук мисионерење“, но факт е дека сега веќе доста време трошам на таа активност. Сето тоа одеше некако чекор по чекор. Луѓето ми бараа да го прокоментирам ова или она, да напишам нешто за Црквата. И така, со тек на време, почнав тоа да го доживувам како своја обврска. Кога правев поголеми паузи, ме потсетуваа, молеа, бараа. Тоа ми излезе сериозна служба. Интересна е таа можност, да се постават теми кои тешко поминуваат во официјалните медиуми, а за тие теми сериозно да се позборува. На мојот профил во дискусиите учествуваат многу луѓе, а јас се трудам како некој вид модератор да развијам дијалог со повеќе разбирања отколку како што обично е случај на нашата јавна сцена. Всушност, нема никаква причина Фејсбук да не се користи како поле за мисија. Единствена опасност е виртуелната заедница која многу полесно се заснова отколку реалната, во која човекот полесно може да најде сродни души, да се става над реалното и да стане некој вид утеха, наместо средство за нешто да се промени на подобро.
Вие и вашата сопруга започнавте Алфа Омега клуб, нарекувајќи го Мало училиште за љубов. Едно, од можеби и најважните работи на кои ги учите студентите, е како да го сакаш пријателот. И навистина, во време на овој себичлук и гордост, како да го сакаш пријателот?
Малото училиште за љубов е посебна програма во рамките на Алфа Омега Клубот. Тргнуваме од православното христијанско знаење за човечката душа и го преведуваме на современите урбани услови на живот. Би можело уловно да се каже, дека работиме на основа на самопознанието и јакнеењето на духовниот имунитет на учесниците во училиштето. Љубовта го осмислува животот, а љубовта и тоа како може да се учи. Кога ќе ја поставиме како основна равенка, заповед „сакај го ближниот како самиот себе“ и сериозно да се позанимаваме со неа, ќе ни стане јасно дека без пријателот не можеме да ги оствариме своите потенцијали. Дури и оние „себичните“, но високи цели, можеме да ги исполниме само со несебичност, пожртвуваност и служење на другите. Љубовта не е само некое недофатливо чувство, таа е истовремено и средство и цел, божествен начин на постоење.
Ѓакон Ненад Илиќ
Превод: Младен Јовчески, дипломиран теолог
Извор: http://www.ekspres.net/drustvo/dakon-nenad-ilic