Пренос на моштите на Свети Николај Мирликиски – Божествена Литургија во Мариово

На 22.05.2017 г., кога го празнувавме преносот на моштите на Светиот Николај Мирликиски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на игуменот на манастирот, Архимандрит Никола (Трајковски), архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник за Битола, протоереј Димитар Михајловски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Никола, село Манастир, Мариово. 

Верниот народ имаше можност да се поклони на чесните мошти на Мирликискиот Чудотворец.

P1420323 P1420367 P1420369 P1420481

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА