Источен петок (Балаклија) – Архиерејска Литургија во Варош

На 21.о4.2017 г., на Источен Петок (Балаклија), кога го празнуваме чудото со живоносниот извор на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Свети Архангел Михаил во Варош. 

На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

“Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“”

Старечник

P1410170 P1410181 P1410214 P1410241

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА