На 14. 04.2017 г., Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, заедно со свештенството, хорот и верните при храмот Пресвета Богородица, го извршија Опелото и Оплакувањето над Господ наш Исус Христос.
1. Народите сите
Погребението Ти
Христе, со песни го пеат.
2. стих: Те љубам, Господи: погледни на мене и помилуј ме.
Денес Ариматеец
Од дрво Те симна
И во нов гроб Те положи.
3. стих: Моите нозе да чекорат по Твоите заповеди, Господи, и да не ме победи никакво безаконие.
Жени мироносци
Миро Ти донесоа
Од сѐ срце, Христе мој!
4. стих: Боже, избави ме од човечки клевети и ќе ги запазам Твоите заповеди.
Сите твари дојдете
Богу да принесеме
Песни жални, погребални.
5. стих: Боже, научи ме на Твоите повелби; светлината на Твоето лице да ме просветли.
Како мртов Животот,
Со мироносиците
С миро да го помажиме.