На 14.04.2017 година, во соборниот храм Свети Димитриј, Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Утрена богослужба со Чинот на оплакување и погребение на Господ наш Исус Христос.
1. стих: Блажени се непорочните кои одат според законот на Господа.
Живот си, Христе,
Но в гроб Те ставија,
Ангелските воинства се исплашија
Славејќи го Твоето смирение.
2. стих: Блажени се тие кои со сето срце ги исполнуваат Божјите заповеди.
Животе, зошто умираш
И в гроб лежиш?
Но, царството на смртта го разоруваш,
Од адот мртвите ги издигнуваш.
3. стих: По патишта Негови одеа оние што беззаконија не твореа.
Иисусе Царе,
Тебе Те величаме,
Гробот и маките ги почитуваме
Со кои не спаси од пропадливост.