Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече: ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ:
Радувај се, низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се, на паднатиот Адам исправување.
Радувај се,на Ева од солзите избавување.
Радувај се,висино, и за помислите човечки недостижна.
Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива.
Радувај се, зашто царски престол Си.
Радувај се,зашто Го носиш Носителот на сѐ.
Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува.
Радувај се, утробо на Божественото воплотување.
Радувај се, низ Тебе тварта се обновува.
Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме.
Радувај се, Невесто Неневестна!