На 20.09.2014г. Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот на „Пресвета Богородица“ во с. Новаци. После Вечерната, Владиката го освети и новопоставениот мозаик на Мајката Божја.
Тропар
глас четврти
Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет,
зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш;
и откако ја урна клетвата, ни даде благослов;
кога ја уништи смртта, ни даруваше вечен живот.
Кондак
глас четврти
Јоаким и Ана од срамот на бездетноста, и Адам и Ева од смртната пропадливост:
се ослободија Пречиста, во твоето свето раѓање.
Затоа празнуваат и твоите луѓе, кои се избавија од вината на прегрешенијата, со воскликнување:
Неплодната ја раѓа Богородица и Хранителка на нашиот Живот.
Задостојник
глас осми
Величај го, душо моја, преславното раѓање на Божјата Мајка.
Туѓо им е на мајките девството, и необично – раѓањето деца за девојките:
на Тебе, Богородице, обете се случија.
Затоа, сите земни народи, постојано те величаме.
[nggallery id=57]